еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење, тврдат од Европска комисија

Европската комисија остро реагира по наводите што се појавија во одредени медиуми дека на организациите кои се критични кон „францускиот предлог“ за старт преговорите на земјава со ЕУ ќе им бидат укинати средства од европските фондови, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прашање на МИА дали овие наводи се точни или оправдани на каков било начин, портпаролите на Европската комисија порачаа дека извршното тело на ЕУ „никогаш не се заканува поради различно мислење“.

– Овие наводи се неосновани. Граѓанското општество е клучна компонента на кое било демократско општество и клучен партнер во процесот на пристапување на С Македонија кон ЕУ, пишува во писмената реакција испратена од портпаролите за надворешна политика Набила Масрали и Петер Стано и за проширување Ана Писонеро.

Од Европската комисија понатаму истакнуваат дека институцијата „секогаш покажувала силна заложба за поддршка на граѓанското општество“.

– Не само што Комисијата никогаш не би размислила да суспендира фондови за искажано мислење од страна на членови на граѓанското општество, туку такво делување не би било во согласност со регулативата за ИПА 3 и со тоа би било невозможно, додаваат портпаролите на Европската комисија за МИА.

ИПА 3 се фондовите од претпристапниот процес кон ЕУ.

Пред неколку дена одредени медиуми лиферуваа информација дека „високи дипломатски извори во Брисел“ биле незадоволни што неколку организации и тинк-тенкови објавија критичен став кон францускиот предлог за преговарачката рамка за Македонија и дека на овие организации „им се заканувало укинување на фондовите од ЕУ“.

Европската комисија ова целосно го демантира и потсетува дека правилата за добивање фондови од ЕУ се јасни и предмет на строг надзор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напад врз граѓански организации оти се против „францускиот предлог“

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски маршираше во Штип: Мртви ладни ќе ја ревидираат историјата

Редакција

„ЦМЦ ГРОУП“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на цевки вреден 479.000 евра

Редакција

Министерката Петровска бара Кривичен да ја преиспита одлуката за неодредување притвор за напаѓачите во М-НАВ

Редакција