еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И покрај изминувањето на редовниот рок, потрагата по Мартин продолжува и утре

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска остварил телефонски разговор со својот грчки колега, Никос Дендијас, во кој било разговарано за состојбата со потрагата по исчезнатиот македонски државјанин, Мартин Јовановски.

За време на разговорот Османи замолил за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што бил информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по Мартин.

За време на разговорот, Османи упатил благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, вклучени во потрагата.

Разговорот уследи по формалното упатување на нота до Министерството за надворешни работи на Грција со молба за продолжување на потрагата, иако денеска изминува рокот до кога се организираат ваквиот тип потраги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката на исчезнатиот Мартин пристигна во Грција: Потрагата на Халкидики продолжува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имунитетот од вакцината на „Модерна“ ќе трае најмалку една година

Редакција

Јанева го одби барањето за изземање на Фетаи и Бубевски од предметот „Титаник 3“

Редакција

СМС порака на Груевски за „Монструм“: “Испаѓа дека жените муслиманки дома смеат да чуваат тенкови, а полицијата не им смее ништо”

Редакција