еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собраниската расправа за „францускиот предлог“ продолжува утре во 11 часот

Расправата за т.н. француски предлог во Собранието ќе продолжи утре во 11 часот.

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца пратеници кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Во собраниската сала и вечерва атмосферата беше проследена со прозивки и обвинувања на двата табора.

Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа отфрлање на овој предлог кој, според нив, води кон директна асимилација на македонскиот народ, уцени и повеќегодишно попречување на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија.

За разлика од нив од владејачкиот табор смируваа дека преговарачката рамка нуди неповредливост на македонскиот идентитет и јазик и почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски рече дека 73 отсто од народот е против овој договор.

– Имате надвор народ на улиците, деноноќно, експерти, членови на сите партии, активисти, загрижени граѓани за нивната иднина. Сите во еден глас кажуваат освестете се и не го прифаќајте ова.

Почеток за преговори нема, бидејќи барањата за преговорите немаат крај, и бараат да се отвори Уставот, но тоа нема да се случи. Овој договор е ништовен, ниеден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги штити интересите на Македонија и Македонците, истакна Јарвески.

Синиша Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ рече „сите сме за тоа да бидеме дел од европското семејство, но битно е под какви услови“.

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова, нема никакви гаранции дека нема да има понатамошни условувања од страна на Бугарија. Напротив, посочи таа, барањата ќе се множат и нема да имаат крај.

Пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ реплицирајќи на обраќањето на пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ и обраќајќи се до пратениците од таа партија рече дека оваа држава ќе оди напред.

– Никогаш нема да ја вратите оваа држава назад, порача Георгиевска.

Пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ, истакна дека во изминатиот период од 11 години додека владееше ВМРО-ДПМНЕ не решиле ниедно важно прашање.

– Седнете и добро прочитајте и ако и мислите добро на оваа држава, гласајте за овие заклучоци што значат гаранција за македонскиот јазик и идентитет и јазик. Во спротивно покажувате дека не ви е гајле ни за јазик, ни за идентитет, ни за историј, изјави Шкријељ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ковачевски читаше книга на седницата во Собрание, на која се расправаше за „францускиот предлог“

(Видео) Јаревски истури црвена течност на собраниската говорница, како симбол на крвта на жртвите на фашизмот и децата од Ваташа

(Видео) Џафери до Апасиев: Не ми мафтај со прстот, оти може да ти биде скршен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали Османи во врска со Сребреница зборува во името на цела Македонија, прашува Дачиќ

Редакција

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Пристап до прислушуваните броеви имаа Мијалков, Грујевски и Николиќ

Редакција

Се бришат каматите на долговите што граѓаните ги имаат кон јавните претпријатија, не и кон приватните

Редакција