еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Македонија нема да добие компензација од ЕУ поради санкциите против Русија

Европската комисија (ЕК) ја поздрави усогласеноста на Северна Македонија и Албанија со санкциите на ЕУ против Русија, но таргетирани финансиски компензации не се на маса, јави дописничката на МИА од Брисел.

Северна Македонија и Албанија се две земји во регионот кои стопроцентно се усогласени со санкциите на ЕУ против Русија, за што Европската унија е многу благодарна, порача попладнево портпаролот Петер Стано.

-Борел порача дека ЕУ цени и поддржува што Северна Македонија и Албанија се усогласени со санкциите, ова се две земји кои не ги започнале преговорите, а стопроцентно се усогласени со санкциите, ЕУ ова многу го цени, изјави Стано.

За разлика од Северна Македонија, Србија, која веќе преговара со ЕУ, не ги следи санкциите на ЕУ, а во други земји во регионот, како Црна Гора, чија економија е поврзана со руската, би можеле да одлучат до летото да ги олеснат санкциите кон Москва за да ги ублажат последиците врз домашните економии.

Стано, запрашан за ова денеска, одговори дека од земјите кандидати се очекува да се усогласат со санкциите и дека Европската комисија го цени фактот што Србија и Турција, кои не ја санкционираа Русија, ја поддржаа резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина во Обединетите нации.

Што се однесува до компензации за земјите кандидати кои се усогласени со санкциите на ЕУ, Европската комисија денеска одговори дека тоа не е предвидено и дека веќе постојат фондови за поддршка на земјите од Западен Балкан.

Европската комисија додаде дека усогласувањето со санкциите против Русија имаат за цел да ја парализираат руската економија за да не може да се финансира војната во Украина, како и да се испрати порака за заштита на меѓународниот правен поредок кој Москва не го почитува со инвазијата на Украина.

-Ако му помагате правите бизнис со некој кој врши масакр, цивилизираната меѓународната заедница треба да се придружи за да се присили Путин да прекине и да ги повлече силите од Украина, изјави Стано.

Во меѓувреме низа европратеници испратија писмо до Европската комисија за да ги замрзне преговорите со Србија поради тоа што не ги следи санкциите на ЕУ. Комисијата денес потврди дека го добила писмото и дека навремено ќе одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја обвини Србија за воено профитерство

Европратеници бараат ЕУ да ги замрзне преговорите со Србија

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да не треба Русија да не нападне за да Македонија добие датум за преговори

Редакција

Текстилната индустрија огромен загадувач: Секој тон обработен текстил, генерира од 15 до 35 тони јаглерод диоксид

Редакција

Вонреден инспекциски надзор во Собранието: Ковид-мерките се почитуваат, нема неправилности

Редакција