еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија собирање 150 илјади потписи за референдум за „францускиот предлог“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави собирање 150 илјади потписи за референдум за, како што рече „да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата“.

-Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред Извршниот комитет (ИК) на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи, изјави Мицкоски денеска во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Мицкоски додаде дека граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата.

-И ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се „за“ или „не се за“ овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрвин како партија со став, па тогаш ќе има повеќе детали јавноста, рече Мицкоски.

Тој посочи дека тоа е следната иницијатива која што планира да ја предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референдумско изјаснување на граѓаните, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика граѓаните дека треба да се обединат против лошите политики на власта и додаде дека тоа што го потпишал Османи денеска не значи дека се е завршено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протоколот носи промена на учебници и историски факти, вели Мицкоски

Сите детали: Објавен Протоколот кој Македонија го потпиша со Бугарија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 47-годишната жена што беше тешко повредена во сообраќајката во тунелот кај Демир Капија

Редакција

Браво за Велес: Парите за новогодишни украси и календари ќе ги додели на 100 социјално загрозени семејства

Редакција

Мицкоски: Уште трае анализата за собирање потписи, во следниот период ќе се консултирам со експерти од оваа област

Редакција