еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 101 денар за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 103, а еуродизел БС (Д-Е V) за 100 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар и ќе чини 98,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,859 денари за килограм и ќе изнесува 50,044 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,61 отсто и кај дизелот за 1,943 отсто, а курсот на доларот во однос на денарот е повисок за 0,306 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Тирон Јајага, кој ќе раководи со Министерството за одбрана до избор на нов министер

Редакција

Починаа уште 21 лице од Ковид-19, вкупно 2.812

Редакција

Симболична поворка за Вевчанскиот карневал: Без концерти за да се спречи масовно собирање

Редакција