Здружението Андерфест ќе го одржи второто издание на Дојран Рок Фест, информираат од таму.
Оваа година фестивалот ќе се одржи кај базенот хотел Романтик во Стар Дојран на 6. август 2022 година.
„Со особено задоволство ви го најавуваме второто издание на Дојран Рок Фест. Продолжуваме и оваа година со нашата мисија, да го збогатиме културниот живот во овој дел од нашата земја и да продолжиме со промоција на млади артисти.
На нова локација на 6 август 2022 на сцената на базен хотел Романтик во Стар Дојран со особена чест ви ги најавуваме нашите рок легенди Ареа кои оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј.
Милениците на публиката ќе ги отсвират своите вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе го имаме и младиoт супер талентиран Јовче Пандев со неговиот бенд, како и енергичните Sound Impulse, кои ќе го збогатат овогодинешното издание на фестивалот“ соопштуваат организаторите на фестивалот.
Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата билетот ќе чини 200 денари. Покровители на настанот се Министерството за култура, Општина Дојран, Дојран Стил, Абсолут и Бифитер.