еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Фон дер Лајен гарантира дека договорот за Фронтекс ќе биде преведен на македонски јазик

Денешното отворање на пристапните преговори на Македонија и Албанија е успех на двете земји и на нивните граѓани. Тоа е резултат на истрајноста, посветеноста на европските вредности, покажаната отпорност и задржаната верба во пристапниот процес, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред почетокот на заедничката меѓувладина конференција.

Таа нагласи дека притоа двете земји го зацврстиле владеењето на правото, се бореле против корупцијата, имаат слободни медиуми, добро граѓанско општество, бројни реформи и ги модернизирале економиите.

-Ги направивте сите овие промени не само затоа што беа потребни на вашиот пат кон ЕУ, туку пред се затоа што се добри за вашите земји. И тие веќе испорачуваат подобар и поквалитетен живот за вашите луѓе. ЕК ве поддржуваше на целот пат и ќе продлжиме така, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК се осврна и на меѓувладината конференција што ќе се одржи денеска во Брисел.

-По нејзиното одржување Комисијата и преговарачките тимови од Албанија и С Македонија ќе започнат со работа. Скринингот на законодавството на ЕУ ќе започне, тоа е првиот чекор од процесите и ќе им овозможи на Албанија и С Македонија да се запознаат со правата и обврските на нашата Унија, од спогодби преку законодавство, меѓународни договори и ќе продлжиме многу брзо со сето тоа, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ќе се продолжи заедно и одблизу да се работи во повеќе клучни области.

–На пример Албанија сега ќе се приклучи кон механизмот за цивилна заштита. Веќе започнавме минатиот месец со дискусиите и ова ќе ја зголеми отпорноста на Албанија кон природни катастрофи како што се пожари, поплави, земјотреси и земјите членки знаат особено затоа што во моментов некои се справуваат со огромни пожари, дека ЕУ секогаш е тука за да ве поддржи кога ќе се појават катастрофи.

С Македонија набрзо ќе преговара со нас за Фронтекс. Се работи за распоредувањето на Фронтекс во С Македонија и тоа ќе ја зацврсти нашата соработка во миграцијата и Димитар може да сметате на мојата поддршка за да се осигуриме дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички на еднакво ниво со сите 24 европски јазици, рече претседателката на ЕК.

Таа нагласи дека со отворањето на пристапниот процес ќе се зголеми соработката онака како што двете земји ќе напредуваат со преговорите.

-Ќе има зголемени инвестиции, ќе има подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области, како што се енергетиката и транспортот. Ќе ја максимизирате употребата, но и ефектот од финансиите од ЕУ.  Тоа значи нови работни места, нови бизнис можности и ова она што вашите граѓани го чекаа толку долго и за што работеа толку напорно, и ова е она што го заслужуваат, рече Фон дер Лајен.

Таа во изјавата им се обрати и на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и на неговиот албански колега Еди Рама.

– Покажавте лидерство, покажавте визија, покажавте стратешко трпение особено Еди. И она што е најважно во ова предизвикувачко време со руската брутална војна докажавте одново и одново дека вашата приврзаност кон европските вредности е всушност вистинска, покажавте дека сте вистински пријатели, вистински партнери, рече таа додавајќи дека луѓето од Албанија и С Македонија го заслужуваат ова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, тврди Борел

(Видео) Ковачевски: Нека ни е со среќа, целта е до 2030 година да бидеме членка на ЕУ

МИА/Фото: Ковачевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три домашни компании искажале интерес за учество на новиот тендер на АЕК за 5Г

Редакција

(Галерија) Забавата денес беше на Маврово: Без магла и ПМ-10 честички

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Штип за набавка на масло за греење вреден 578.000 евра

Редакција