еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Заврши првиот дел од Патувачкото кино на МакеДокс

Заврши првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион, информираат организаторите.

Магаренцето посети пет села во струмичкиот регион. Првата проекција беше на 18 јули во Василево, втората на 19 јули во Вељуса, третата на 21 јули во Моноспитово, четвртата на 22 јули во Босилово и петтата на 23 јули во Габрово.

За време на Патувачкото кино на „МакеДокс“ успешно се одржа првата сесија со новата генерација на млади документаристи – „Докуникулци“.

Вториот дел од Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе продолжи во септември во преспанскиот регион.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на РС Македонија, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Општина Струмица и Општина Босилово.

Медиумски покровители на Патувачкото кино се Слободен печат, Еспресо.мк, Нова Македонија, МКД.мк, СДК.мк, ОФФнет, ПлусИнфо, Е-магазин, УМНО.мк, Кајгана.мк, Радио МОФ, Лице в лице и Окно.

Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Целосно реновирана и модернизирана бензинската станица на Макпетрол во Визбегово, Скопје

Редакција

Македонски средношколци освоија сребро на Интернационалната олимпијада по информатика

Редакција

Триглав комплет +, нов осигурителен пакет на пазарот

Редакција