еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зоран Попов именуван за амбасадор на Македонија во САД

Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Соединетите Американски Држави, Зоран Попов, денеска го помина и филтерот на собраниската Комисија за надворешна политика.

Тој своите тези за дипломатската мисија во САД ги презентирање пред Комисијата за надворешна политика, зад затворени врати, поради како што истакна претставник на МНР, доверливиот карактер на информациите. Неговото излагање можеа да го проследат само пратениците кои поседуваат безбедносни сертификати.

Со презентацијата на тезите во Парламентот завршени се сите процедури за заминување на амбасадорот Попов на дипломатската мисија во Вашингтон.

Попов на оваа позиција доаѓа од местото државен секретар во МНР.

Пополнувањето на амбасадорското место во САД кои се наш стратешки партнер и НАТО-сојузник, следи по повеќе од четири години од заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумовски.

По затворениот дел, седницата на Комисијата беше прекината заради пленарната собраниска седница. Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.

Покрај амбасадорот Попов, пред членовите на Комисијата своите тези за дипломатските активности треба ди ги претстават и новите амбасадори во Канада, Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Република Словачка, Евгенија Илиева, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

МНР информира дека за уште тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста и барањето до Собрание за закажување на седница на Комисијата за надворешни работа за нив ќе биде пратена во скоро време. Станува збор за Виктор Димовски, кој ќе биде амбасадор во Франција, Агнеза Руси во Бугарија и Јован Манасијевски во Турција.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски повика на граѓански протест

Редакција

(Видео) Иванов пред три години објави аболиција, ќе има ли ново помилување?

Редакција

Јанакиески: Груевски ме прашуваше за локациите на Парк шумата Водно

Редакција