еМагазин
Image default
Бизнис

Макошпед со добивка од 5,5 милиони денари

Макошпед АД Скопје за периодот јануари – јуни 2018 година оствари добивка во износ од 5.536 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни 2018 година изнесуваат 38.532 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2017 година бележат зголемување од 25,9 %.

Оперативните приходи изнесуваат 34.832 илјади денари и бележат пораст од 23% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2017 година. Истите учествуваат со 90,4 % во вкупните приходи.

Финансиските приходи изнесуваат 3.700 илјади денари и бележат раст во однос на финансиските приходи за истиот период од 2017 година .

Вкупните расходи за период ајнуари – јуни 2018 година во износ од 32.996 илјади денари бележат незначителен пораст од 0,36 % во однос на вкупните расходи за истиот период од 2017 година.

Оперативните расходи во првото полугодие од 2018 година изнесуваат 32.060 илјади денари и истите се намалени за 2% во однос на првото полугодие од 2017 година.

Финансиските расходи изнесуваат 936 илјади денари и бележат пораст во однос на финансиските расходи за истиот период од 2017 година„, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен ќе одлучува за Законот за банки откако ќе се провери евентуален судир на интереси на судиите со Еуростандард банка

Редакција

Парното поскапува за 4,5%: За просечна сметка од 1.800 денари, плус 80 денари

Редакција

Вирусот „њукастел“ откриен кај живина во одгледувалиште во општина Гази Баба

Редакција