еМагазин
Image default
Спорт

Златен медал за македонскиот карате-тим на Универзијадата во Полска

Машката екипа на македонската универзитетска карате репрезентација освои злато во борби на Европската Универзијада во Лоѓ, Полска.

Карате-тимот составен од Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски во финалето ја совлада Украина со резултат од 3-1.

На истиот реномиран шампионат, во индивидуална конкуренција со златно признание се закити и Давид Петков, додека Ангела Мојсовска освои бронза.

– Постигнавме голем резултат, за првпат на една европска универзијада македонските каратисти во екипна конкуренција се на највисокиот пиедистал. Задоволството е огромно во целиот тим. Екипниот медал, секако, е најтежок за освојување и затоа сите сме многу среќни.

Успехот е поголем, бидејќи Давид Петков успеа и во поединечна конкуренција во тежинската категорија -67 кг. да освои златен медал и заедно со бронзата на Ангела Мојсовска во категоријата – 68 кг нè направија многу горди. Вкупниот биланс од оваа универзијада се две златни медали и еден бронзен медал, изјави Бошко Заборски, селектор на универзитетската репрезентација на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 во Охрид на 6. и 7. јуни

Редакција

(Видео) Aлили стана европски шампион во борење и ја израдува Македонија

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ заминуваат на турнир во Умаг

Редакција