еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина поранешната министерка Илинка Митрева

Од СДСМ информираат дека починала Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на партијата и министерка за надворешни работи, .

„Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.

Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.

Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.

Нека почива во мир“, велат од СДСМ.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција

Еди Рама и неговата Социјалистичка партија неофицијално се победници на изборите во Албанија

Редакција

Доктор Лазаров: „Мама и тато во диско или кафана без маска, децата во школо со маска и отворен прозор“

Редакција