Еден од спасените Македонци на Халкидики, 30-годишниот Иван од Скопје за грчката телевизија Скај раскажа што се преживеал додека чекал да биде спасен.
– Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места, сфатив дека веројатно нема да ме најдат. Беше разочарувачки. Поминаа 20, скоро 21 час, вели тој.
За Скај, Иван опишува како морските струи го однеле од плажата Мити каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра.
Во тие моменти главни противници му биле студот и темнината. Тој го опишува „мирисот на смртта“, кој вели дека го почувствувал во текот на ноќта кога немал надеж дека ќе биде спасен.
– Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрирате на својот опстанок, вели Иван.
Сѐ додека една топка не му ја смени судбината…
– Да, најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето. Ја најдов топката во морето и допливав до неа и ја држев со рацете. Таа беше малку издишана. Беше разочарувачки, вели Иван за топката, која иако издишана, го одржала во живот додека со часови бил во вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Иван излезе од болница, бил лекуван од тешка дехидрација
(Фото) Топката на Танос и Трифон од Солун го спаси животот на Иван од Македонија
Видео: SKAI.gr/фото: Protothema