Целата територија на државава во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На целата територија на државата во четврток и петок ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
-Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи, посочуваат од УХМР.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.