еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс

Николај Димитров, адвокатот на дел од семесјтавата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на Беса транс на автопатот Струма во Бугарија, за дописникот на МИА од Софија изјави дека увидот на теренот е веќе започнат.

Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата.

Се проверува површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата.

Адвокатот за МИА коментира дека увидот ќе покаже што недостигало на овој дел од автопатот Струма и дали токму тој недостаток е главната причина за несреќата.

Димитров посочува и дека семејствата на неговите клиенти јасно прашуваат дали е виновен само загинатиот возач или има друга околност што довела до страшната несреќа.Тие го поставуваат и прашањето што се случило со личните работи и багажот на починатите, како и со златни вредни предмети и украси кои ги имале на себе, но не биле регистрирани од бугарските власти и никој не им ги вратил.

Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата во која загинаа 45 патници, а седум беа потешко повредени. Во декември, истрагата покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Имаат туристи за јавање на коњи на Галичник, нема превоз како да ги донесат до таму

Силвана Жежова

Светот е „опасно неподготвен“ за идни пандемии, предупредуваат од Меѓународна федерација на друштвата на Црвениот крст

Редакција

Алкалоид со раст на извозот од 15% и консолидирани продажби од 202,7 милиони евра

Редакција