еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали за 25-годишниот пациент од Берово, кој почина од сепса: На Ургентен во Скопје бил примен во многу тешка состојба, со знаци за тешка системска инфекција

Пациентот од Берово на 23 август е префлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор, со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал починал за помалку од 24 часа.

– На ден 23.08 пациент на возраст од 25 години е префрлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор. Пациентот на прием со знаци за тешка системска инфекција.

И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал почина за помалку од 24 часа, соопшти попладнево директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) Александар Трајановски.

Претходно, Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во штипската болница.

Како што соопштија од МЗ, директорот на штипската болница, Ален Георгијев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот.

По завршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство соопшти дека јавноста ќе биде поконкретно информирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

25-годишно момче починало од сепса по дренирање заб: Вонреден инспекциски надзор во штипската болница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Северномакедонски“ срам на саемот за храна во Берлин

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција

Топ 10 должници на Листата на УЈП

Редакција