еМагазин
Image default
Техно

А1 Македонија со најдобрата A1 Combo понуда: 50% попуст на месечна претплата за интернет и ТВ во првите 12 месеци

А1 Македонија со големо задоволство најавува збогатена понуда во конвергентното, A1 Combo портфолио со кое корисниците ја добиваат најдобрата комбинација на конвергентни услуги кои овозможуваат мобилни услуги, интернет и телевизија на фиксна локација и тоа по најповолни услови, информираат од компанијата.

Со најновата A1 Combo понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе го продолжат постечкиот договор, имаат единствена можност да добијат А1 Combo со супер брз интернет и можност за следење на ТВ канали преку интерактивната телевизија од новата генерација А1 Xplore TV со најквалитетна ТВ слика со неверојатен попуст од 50% на месечната претплата и тоа за цели 12 месеци. Дополнително, со додавање на мобилни линии во пакетот корисниците добиваат можност за избор на Samsung Smart или Philips Smart телевизор за 199 денари месечнa рата.

„Посветено креираме продукти со кои ги пресретнуваме потребите на корисниците за неограничена комуникација и ја лансираме несомнено најдобрата досега A1 Combo понуда преку која ги реализираме ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација преку најсовремена мрежа со најповолни услови.

Нудиме можност корисниците да заштедат и да добијат уште повеќе комуникација и повеќе забава за своето семејство. Уште еднаш преку новата понуда ја демонстрираме нашата посветеност кон реализирање на стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за нашите корисници”, изјави Методја Мирчев, извршен директор во А1 Македонија.

Повеќе информации за септемвриската промоција можете да најдете на www.a1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија за сите при-пејд и пост-пејд корисници на мобилна телефонија: 10GB за безгрижно сурфање во роаминг во 27 земји

Редакција

Samsung во 2019 година го приближува светот со 5G мрежата со тоа што испорачува повеќе од 6,7 милиони Galaxy 5G уреди

Редакција

НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер: Запознајте ја Нела – првиот банкарски електронски асистент

Редакција