еМагазин
Image default
Локално

Град Скопје ги објави повиците за субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети

Град Скопје денеска објави јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди и електрични тротинети во 2022 година.

-Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот, велат од Град Скопје.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30 отсто од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Подетални информации за условите, начинот на пријавување на јавниот повик, начинот на спроведување на Јавниот повик и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да ги најдат на веб-страницата на Град Скопје, www.skopje.gov.mk.

Покрај информациите, граѓаните ќе можат на интернет страницата на Градот Скопје: skopje.gov.mk да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава, која треба да се завери на нотар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Град Скопје го објави повикот за субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети

Редакција

Прилепчанец со автомобил се забил во дрво: Тешко повредени две деца

Редакција

Во Делчево поднесени 120 пријави за настаната штета од неодамнешните пожари

Редакција