еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Утринска разгледница од Охрид

Се приближува крајот на туристичката сезона во Охрид, што е и идеална можност за уживање во она што градот го нуди, без вообичаените гужви.

Плажите се речиси празни, што не е случај со центарот на градот и шеталиштето во вечерните часови.

Охриѓани се жалат на слаба туристичка сезона. Има странци, најголем дел од нив се Срби, иако речиси може да се слушнат лепеза од јазици.

Влијание врз слабата посетеност, според туристичките работници, се последиците од ковид-кризата, економската криза поради војната во Украина, но и политичките влијанија на односите со Бугарија.

Градот не успеа да развие стратегија за продолжување на туристичката сезона која едвај трае 20 дена, што е вистинска штета за град-бисер, и потенцијалот што го има за посета на туристи во текот на целата година.

Оние кои што престојуваат овој период во Охрид, вистински можат да се изнауживаат во убавината, неоптоварена од луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје

Редакција

Бројот на заболените од грип од 20.000 годинава скокнал на 37.000, можно е тестирање од корона вирус

Редакција

Горивата поскапуваат до еден денар за литар

Редакција