еМагазин
Image default
Локално

Во Делчево поднесени 120 пријави за настаната штета од неодамнешните пожари

Во Делчево во тек е пријавувањето на штети од неодамнешните пожари кои ја зафатија територијата на Општина Делчево. Заклучно со денеска, како што информираа од Општината, поднесени се 120 пријави за настаната штета од пожарите од страна на жители од повеќе делчевски села.

-Штети досега имаат пријавено жители од атарите на селата Стар Истевник, Нов Истевник, Вирче, Тработивиште и Разловци. Досега се поднесени 120 пријави за настаната штета од пожарите, а граѓаните пријавуваат штети на куќи, викендички, помошни објекти, високостеблеста борова и дабова шума, пасишта, овошни насади, угинати домашни животни и птици, опожарена земјоделска механизација и други земјоделски производи, информираа од Општина Делчево.

Рокот за пријавување штети, како што додадоа, истекува заклучно со утрешниот ден заради што упатија апел до оштетените кои не поднеле пријава тоа да го сторат што поскоро.

-По истекот на овој рок, Комисијата за процена на штети од понеделник, 30.08.2021 година на терен ќе врши стручна процена на настанатите штети, прецизираа од Општината.

Комисијата е составена од пет постојани членови и по еден овластен проценител за секоја област посебно кои, како што дополнија од Општината, по завршувањето на проценката ќе излезат со точна бројка за настанатата штета на територијата на Општина Делчево.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопjанец со објава на Фејсбук им ја загрозил сигурноста на пратениците

Редакција

Нема повредени во пожарот во Универзална сала, две жени вдишале чад

Редакција

Уапсен убиецот на мажот од Хром, чијашто мајка го запали станот за да го прекрие убиството

Редакција