За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и
засилен ветер.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.
Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 26 до 33 степени и УВ-индексот 7.
Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност и максимална температура од 32 степена. Попладне во делови од Скопската котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Фото: Унсплеш