еМагазин
Свет

Во поплавите во Индија загинаа повеќе од 160 луѓе

Најмалку 164 луѓе загинаа во поплавите, што од 8 август, ја зафатија јужната индиска држава Керала, а спасувачките тимови со хеликоптери и чамци ги евакуираа стотиците загрозени жители.

Се евакуираат околу 150.000 заробените луѓе, кои се сместени во 1.200 приватни кампови.Обилниот дожд во последните осум дена предизвика лизгање на земјиштето и поплави. Патиштата се оштетени, а во Керала нарушен е и воздушниот и железничкиот сообрачај.

Керала е популарно туристичко место. Во монсунските дождови секоја година гинат стотици луѓе во Индија.

Според локалната служба за вонредни ситуации, тоа се најголеми поплави во последните сто години. Од мај, кога почнаа сезонските дождови, досега во поплавите загинаа над 200 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во затвор почина Алексеј Навални, руски опозиционер и голем критичар на Путин

Редакција

ОН: Бројот на убиени цивили во Украина е над 6.884, од кои 429 се деца

Редакција

(ВО ЖИВО) Инагурација на новиот американски претседател Џо Бајден

Редакција