еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 22 до 29 септември

На само еден месец до почетокот на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кое ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, подготовките влегуваат во својата завршница.

И на овој фестивал публиката може да очекува исклучително квалитетна филмска програма и големи имиња на светската кинематографија, кои ќе бидат гости во Битола.

Годинава зголемен е бројот на програми во вкупен број од 14 и проширен е кругот на селектори кои ги обликуваат програмите: со Гена Теодосиевска, годинава во изборот на документарната програма соработуваше и Марија Џиџева; режисерите Даријан Пејовски и Марија Апчевска се селектори на кратките филмови кои се натпреваруваат за Малата златна камера 300, како и филмскиот критичар Слаѓан Пенев, кој ги селектираше филмовите во програмата „Перспективи на европскиот филм“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанче Ангелов сам отишол во 3 часот на Водно за да помогне на момче со скршена нога

Редакција

Две членки на АмЧам избрани помеѓу осумте финалисти во „Иницијативата за промовирање на доверба во бизнисот”

Редакција

Отворен првиот Дневен центар за Даунов синдром

Редакција