еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Две членки на АмЧам избрани помеѓу осумте финалисти во „Иницијативата за промовирање на доверба во бизнисот”

Две членки на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) – Пивара Скопје и ЕВН Македонија, се избрани меѓу осумте финалисти во „Иницијативата за промовирање на доверба во бизнисот”, која е поттикната од мрежата на АмЧамс во Европа и Центарот за меѓународни приватни претпријатија (CIPE) од Вашингтон.

Иницијативата има за цел да ги промовира најдобрите примери за тоа како компаниите ги применуваат ESG-критериумите (еколошко, социјално и корпоративно управување) во пракса и ги унапредуваат своите бизнис операции на одржлив начин, притоа градејќи доверба и партнерство со локалните заедници.

Во иницијативата учествуваа проекти на повеќе од 30 компании членки на АмЧам, асоцијациите од 10 земји во Источна и Југоисточна Европа, а меѓу најдобрите 8 финалисти се избрани и проектите „Иницијатива за одржливост: Свет без отпад“ на Пивара Скопје и „Намалување на загаденоста на воздухот во Северна Македонија – Популаризација и овозможување на е-мобилност” на ЕВН Македонија, активни членки во ESG Kомитетот на АмЧам Северна Македонија.

Проектот на ЕВН Македонија се фокусира кон создавањето на потребна инфраструктура (станици за полнење) за масовно користење на електрични возила низ целата држава, придонесувајќи за севкупен „позелен“ сообраќај, кој истовремено ќе има позитивно влијание и врз намалувањето на загаденоста на воздухот.

Проектот на Пивара Скопје пак, има за цел да создаде одржлив систем за управување со отпадот од пакување, што вклучува организирано собирање и рециклирање, како и да ја подигне јавната свест.

Сето ова во насока на намалување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина. Преку овој проект компанијата изгради партнерство со неколку клучни општествени чинители, како граѓански здруженија, институции и медиуми.

Сите осум проекти-финалисти се препознаени како одлични примери на поттикнување доверба меѓу приватниот сектор и локалните заедници, градејќи одржливи партнерства што го подобруваат целокупното општество и инспирираат позитивни промени во самите земји.

Ова всушност се поклопува и со мисијата на ESG Комитетот на АмЧам Северна Македонија како локален промотор кој ја зголемува свеста за значењето на ESG-критериумите преку споделување на најдобрите практики за здрава социо-економска средина и фокусирање на основните компоненти на доброто владеење при развивањето стратегии кои носат одржливост, зелен раст и развој на циркуларната економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фармацевтската компанија „Варус“ донираше ново едукативно катче за природни науки при Детскиот културен центар „Карпош“, по повод 30 години јубилеј

Редакција

Skopje design week 2019 со отворен повик за учесници

Редакција

Собрани се потребните средства за лекување на малата Нина во САД

Редакција