еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Стојанче Ангелов сам отишол во 3 часот на Водно за да помогне на момче со скршена нога

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, бидејќи немало ноќни екипи на ЦУК, деновиве сам отишол во три часот наутро на Водно за да помогне на момче со скршена нога.

Информацијата се споделува на Фејсбук, а истата во пост ја потврди и Ангелов.

-Настанот се случи ноќта на 17 кон 18 август. Сметав дека нема потреба да се објавува и од мноштвото пожари заборавив на ова извлекување на повреден човек.

Во секој случај благодарам за убавите зборови кои денес се слушаат ретко, напиша тој.

Ангелов додаде дека на местото прва стигнала екипа на Итната медицинска помош.

-Екипата на Итната медицинска помош стигнала прва на местото на кое се наоѓало повреденото лице. Го ставиле на носилки, му ја имобилизирале повредената нога и му дале средство за смирување на болките.

Дури потоа и јас пристигнав на стрмната патека пресретнувајќи ги храбрите момчиња кои ја носеа носилката со повреденото момче.

Голема благодарност до медицинскиот тим од Итната медицинска помош, кој најпрофесионално си ја изврши својата обврска, напиша тој.

Информацијата на Фејсбук ја објави инфуленсерот Боемот:

-Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено.

Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен.

Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно со мои другари го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница.

Во оваа пригода сакам да го пофалам генералот Стојанче Ангелов и без разлика што и да мислите за него овој потег од негова страна, што запалил кола и дошол во 3 сабајле е за почит. Поддршка, но и апел ЦУК да има екипи во секое време да бидат спремни за интервенција на терен.

Со ваквите хумани потези како овој на Стојанче Ангелов сфаќам дека се враќа мојата надеж за човештвото, но се губи надежта во државата која нема дежурни екипи во ноќните часови.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение против директор на РЕК Битола и ЕЛЕМ за загадување на животната средина

Редакција

(Фото) Симптоми, заштита и лекување на мајмунски сипаници: Препораки од Министерство за здравство

Редакција

Која е градежната компанија од Белград која стана акционер на 5% од акциите на Гранит

Редакција