еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во скопската Зоолошка почина сибирската тигрица Надја, која беше еден од најстарите тигри во Европа

Од скопската Зоолошка градина информираат дека во текот на вчерашниот ден од длабока старост мирно починала сибирската тигрица Надја, која беше еден од најстарите тигри во Европа.

-Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди.

Во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени.

Сибирската тигрица Надја е родена 2002 година во Франција, а во Скопје живееше цели 13 години.

Овој вид крупни ѕверови -тигри во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини. Нашата Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење.

Најдолг животен век на овој вид во заробеништво досега е забележан кај мажјак сибирски тигар кој живеел 23 години.

Ќе ја паметиме по нејзината грациозност, секогаш љубопитна за игра, долгите капења во базенот, како и по љубовта која ја имаше кон своите зоонегуватели кои во последните денови од нејзиниот живот направија се да и биде полесно, со оглед на длабоката старост која ја доживеа.

Надја, многу ќе ни недостасуваш…, велат од таму.

Фото: Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка на две малолетни деца убиена во охридското село Велгошти

Редакција

Синдикатите за штетноста од измените на Законот за работни односи: Македонските работници ги враќа 137 години назад!

Редакција

(Видео) Со „паметни очила“ се открива корона вирусот во Кина

Редакција