еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Штипјанецот Хаџи Јанев добитник на една од најголемите воени награди од вооружените сили на САД

Генералот Методи Хаџи-Јанев е добитник на Легијата за заслуги (LOM) едно од најголемите одликувања кое е доделено на странски офицер во регионот од страна на високи функционери на САД.

Легијата за заслуги (LOM) е воена награда на Вооружените сили на САД, која се доделува за исклучително и извонредно извршување на задачите и покажани достигнувања во вршењето на службата. Оваа воена награда се издава на членовите на седумте униформирани служби на САД, како и на воените и политичките фигури на странски влади. Оваа награда е една од двете воени награди на САД кои се издаваат како значка за на врат, другата е

(Медал на честа – Medal Of Honor) и единствената воена награда на Соединетите Американски Држави која може да се издаде на толку високо ниво на награди.
Легијата за заслуги е шеста по редоследот на првенство на сите американски воени награди.

Доделувањето на оваа награда на генералот Методи Хаџи-Јанев е за неговите заслуги и достигнувања во работата и јакнењето на соработката со вооружените сили на САД, предложените проекти како и заслугите и достигнувањата како највисок воен дипломат на Република Македонија во САД.

фото: Фејсбук страница на Методи Хаџи Јанев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 16 лица од Ковид-19, најмладиот на 40-годишна возраст

Редакција

Пендаровски одлучи Армијата да биде ангажирана во Дебар и Центар Жупа

Редакција

Државна лотарија со ново ТВ шоу „СЕДМО НЕБО“

Редакција