еМагазин
Image default
Македонија

Левица ќе поднесе нова референдумска иницијатива

Левица деновиве ќе поднесе нова референдумска иницијатива, при што дефинитивно прашањето ќе биде со одговорот Против. Сметаме дека претходното прашање беше грешка, затоа што кампања Против ќе биде во духот на протестите против францускиот предлог, каде огромното мнозинство македонски народ кажа НЕ, најави пратеникот од партијата, Борислав Крмов.

-Нема никаква правна логика за одбивање и на претходната, и на оваа референдуска иницијатива од страна на спикерот Џафери, затоа што тој не смее како спикер да влегува во материјално толкување.

Одбивањето на иницијативата од страна на Џафери не е никакво правно толкување, туку тоа е чиста политичка узурпација и Џафери, наместо да се однесува како Претседател на Собранието на сите граѓани – тој се однесува како узурпатор и окупатор.

Не може да станува збор за неуставност за Договор што може да се укине од Влада со обичен писмен допис, а тоа го предвидува член 13 од Договорот за добрососедство на Бугарија. Ако Џафери се обиде да ја одбие и оваа иницијатива, Левица ќе премине на тотална блокада на Собранието. Имаме договор со ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом. Тоа значи блокирање на сите Комисии и на сите пленарни седници, односно ќе се преземат сите опции додека не застане Законодавниот дом и ова самоволие не се прекине.

Власта мора да знае дека ако не му дозволи на народот политички да изрази незадоволство, тогаш во комбинација со енормно високите цени, тоа може да доведе до општествена експлозија, а зимата доаѓа, изјави Крмов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за Јово Вангеловски за злоупотреба на службената положба

Редакција

Убава вест: Оздравени 681 пациенти од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Лила Филиповска по распитот за „Рекет“ без изјави за медиумите, новинарите ги поздрави со „чао друштво“

Редакција