еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бугарија и Македонија денеска не успеаја да постигнат прифатлива цена за струјата

Бугарија и Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави БНР.

Како што јави дописникот на МИА, работна група од Македонија престојуваше во Софија. На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан Муртезани од МЕПСО, како и Виктор Андонов – советник на премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.

На средбата не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.

Во текот на претстојната недела повторно ќе има состанок на работните групи за втор обид да се постигне договор за снабдување со електрична енергија.

Дописникот на МИА од Софија потсетува дека на 5 септември премиерите на двете земји, Галаб Донев и Димитар Ковачевски се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Македонија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочна за непотизам за министерот Бектеши за вработување на сестра му во МЕПСО

Редакција

(Фото) Налепници со кои се промовираат бугарски шовинистички ставови низ центарот на Охрид

Редакција

Русија од почетокот на годината регрутирала 230.000 војници

Редакција