еМагазин
Image default
Бизнис

Енергетиката во фокус на разговорите на Ковачевски и министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Њујорк имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Џејхун Бајрамов.

Тема на разговор на состанокот била енергетската криза и можностите за соработка во делот на обезбедување енергенси и можноста за приклучување на гасоводната мрежа.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот беше истакнато дека воените дејствија на Русија врз Украина се една од причините за енергетската криза во светот и дека ваквата состојба повеќе се чувствува во Европа, за што има сериозно зголемување на цената на природниот гас.

-Во разговорите беше истакнато дека Азербејџан придонесува во надминувањето на енергетската криза, преку развивање на постоечките гасоводи. На состанокот беше дискутирано и дека ЕУ се насочува кон сигурни снабдувачи на енергија, а Азербејџан е еден од нив, преку проширување на Јужниот гасен коридор со удвојување на испораките на гас од Азербејџан во ЕУ, информира владината прес-служба.

Премиерот Ковачевски истакнал дека со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, Македонија ќе се поврзе со трансјадранскиот гасовод и на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар.

-За Владата на РС Македонија, изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните гасоводни системи е приоритет. Средбата во Њујорк меѓу премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Бајрамов, беше искористена за продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји во различни сфери, се наведува во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На продажба атрактивен деловен и магацински простор на „Авиоимпекс“

Редакција

Отворен Балкан ќе биде интерес за бизнисот, макар и да останат само две земји, вели Азески

Редакција

Гранит со зголемена добивка

Редакција