еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица го објави прашањето за референдумот

„Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци“ – со ова мислиме дека практично е невозможно формално-правно да се одбие иницијативата, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштувајќи како неговата партија ќе го формулира прашањето за референдум што го иницираат откако иницијативата на  ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според него, и иницијативата на Христијан Мицкоски била формално-правно уредна, но дека Левица, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија, туку Заклучоците со цел, како што рече, „да не му даваме муниција на Талат Џафери да изигрува уставен судија односно да толкува Устав“.

-Одиме на варијанта во која наративот ќе биде „против“, а не „за“, односно наратив на продолжување на духот на антивладините протести против бугаризацијата кои беа најмасовни откако е СДС на власт, рече Апасиев во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Ќе бараат, рече, задолжителен референдум, а бидејќи по нашиот Закон за референдум изјаснувањето е „за“ и „против“, очекува граѓаните на прашањето да гласаат против.

– Поентата е дека сега се оди согласно член 24 од Законот за референдум, дека на државно ниво референдум може да се распише за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието. Имено тие „други прашања за кои одлучувало Собранието“ се овие Заклучоци кои ние ги ставаме на референдум, појасни Апасиев.

Проблемот во Заклучоците, рече тој, е во точката 1 – која ја внесува Преговарачката рамка т.е. трите документи кои не им беа доставени на пратениците, и точката 3г, кој е т.н. француски предлог.

МИА/Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 573 оздравени од Ковид-19

Редакција

Поради изолација на судијата Огнен Ставрев, одложено рочиштето за „Титаник“

Редакција

Општина Куманово вработува пет лица, плата до 37.647 денари

Редакција