еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кавадарчанецот кој ја загрози сигурноста на градоначалникот Митко Јанчев оди во затвор

Казна затвор доби кавадарчанецот З.Б., кој ја загрозил сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, потврдија за МИА од Основниот суд во Кавадарци.

-Основен суд Кавадарци известува дека денеска, 22.09.2022 година, по одржаната главна јавна и усна расправа по Кривичниот предмет К.бр.191/22 кон обвинетиот З.Б. од Кавадарци за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од КЗ, судот донесе пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 8 месеци, се вели во известувањето.

Основното јавно обвинителство  Кавадарци претходно оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик. Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.

Според Обвинителството, осомниченото лице претходно било осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. Обвинителството на 22 август соопшти дека по предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определил мерка куќен притвор во траење од осум дена на оосомничениот.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Монструм„: Се потврди дека “опел омегата” во депото е истиот автомобил најден два дена по петкратното убиство

Редакција

Османи предупреди на голема можност за зараза со корона вирусот: „Бројката денеска уште повознемирувачка“

Редакција

Макрон најави дека во наредните месеци ќе ги посети Заев и Рама

Редакција