еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почна есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почна денеска во 3:03 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 266-от ден, во 38. седмица од годината, и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути.

Есента ќе трае до 21 декември во 23 часот и 48 минути, кога календарски започнува зимата.

Според прогнозата на синоптичарите, на првиот ден од есента времето ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пановски за „еМагазин“: Лесно ја поднесувам состојбата со Ковид-19, ми помагаат децата, спортот, не пијам витамини

Силвана Жежова

Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Распродажба во УЈП: Запленети автомобили и машини по багателни цени

Редакција