еМагазин
Image default
Македонија

Макрон најави дека во наредните месеци ќе ги посети Заев и Рама

Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел поздравувајќи ја храброста на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама најави дека наскоро ќе ги посети двајцата премиери.

Тој на прес-конференцијата истакна дека немало едногласност за датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија. Имало големо мнозинство, но голем број земји кажале „не“ за Албанија.

„Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла“, додаде тој.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 344 пациенти суспектни и болни од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 42 лица од корона вирусот кои се лекувале дома и нови шест на клиниките, вкупно 272

Редакција

Убава вест: Оздравени 30 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.516

Редакција