еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Главата горе Македонци: „Шугата“ е кај Макрон и ЕУ, време е сами да си ја средиме државата

Големо е разочарувањето кај македонските граѓани по фијаското со датумот за преговори кој не и беше доделен на земјава единствено поради блокадата на францускиот претседател Емануел Макрон, но и Холандија, Франција и Германија кои не сакаа раздвојување на пакетот Македонија-Албанија во евроинтегративниот процес.

Какви и да се, не држат вода објаснувањата и зборовите за поддршка од европските лидери бидејќи во изминативе денови покажаа дека не се спососбни да си ги одржат ветувањата.

Дополнително, се покажа дека земјите-членки на Европската Унија функционираат како „рогови во вреќа“, но и дека големите и богати земји како Франција, Германија…си даваат за право да ги носат конечните одлуки наспроти мислењето на мнозинството што само истакнува колку се недемократски принципите на одлучување во Унијата.

Сега попусто се извинуваат Хан, Јункер, Меркел и останатите ЕУ-лидери бидејќи на последиците требаше да мислат кога даваа лажни ветувања и кога ракоплескаа за потпишувањето на Преспанскиот договор и промената на името.

Сепак, Македонија треба да се заблагодари бидејќи ваквиот развој на настанатите на светот му покажа колку е слаба ЕУ и дека нашата земја не мора по секоја цена своите перспективи да ги гледа во евроинтеграциите.

Тоа не значи дека треба да застанеме со реформите. Напротив, македонските политичари сега треба добро да размислат пред да продолжат со партиски вработувања, силување на судството, популистички економски мерки и реформи на хартија бидејќи трпението на граѓаните има граници.

Тие треба да се зафатат со работа и да покажат дека не ни треба Европската Унија за да направиме од Македонија пристојно место за живеење.

Само така ќе му покажеме на светот дека ЕУ згреши со последната одлука и дека „шугата“ останува кај нив, а не кај Македонците кои го жртвуваа своето достоинство за да станат членка на заедница која очигледно не ги заслужува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кочани почна да го исклучува јавното осветлување за да штеди струја

Редакција

Иницијативата е во согласност со Законот, Џафери нема основ да ја отфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Таравари разрешен, Села неговото “крило“ повторно го избра за претседател на Алијанса за Албанците

Редакција