еМагазин
Image default
Спорт

„Макпетрол“ најуспешен на младинскиот карате куп на Македонија

Шест златни и еден сребрен медал освоија членовите на скопски „Макпетрол“ на младинскиот карате турнир „Куп на Македонија“, информираат од таму.

Преку ова изборно натпреварување ќе се селектира репрезентацијата што ќе учествува на претстојното светско првенство во Коња, Турција од 26 до 30 октомври. На турнирот учествуваа 220 каратисти од 49 клубови.

Седум члена на „Макпетрол“ се натпреваруваа во индивидуална конкуренција во дисциплината борби.

Кај постарите јуниорки и јуниори злато освоија Марија Петровска (-55 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.), Стефан Стојановиќ (-84 кг.) и Витомир Трајковски (-84 кг.).

Со златни одличја кај јуниорките и јуниорите се закитија Јована Мицовска (-59 кг.) и Данило Божовиќ (+76 кг.). Димитар Лозановски (76 кг.) освои сребрен медал.

На табелата со вкупно освоени признанија на „Купот на Македонија“ по „Макпетрол“ се пласираа „Олимпик спорт 2007“ со пет златни, еден сребрен и два бронзени медали, додека третопласиран беше карате клубот „Штип“ со четири златни, една сребрена и три бронзени медали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каратистите на „Макпетрол“ освоија седум медали на престижниот „Кроација опен“

Редакција

(Фото) „Трчај како да бегаш од Македонија“: Хит транспаренти од Виз ер Скопски маратон

Редакција

(Видео) „Лудило“ на прес-конференцијата по мечот меѓу Македонија и Грузија

Редакција