еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Симон Трпчески со Македонисимо ја крена на нозе штипската публика и им приреди незаборавно доживување

Долгите и громогласни аплузи на публиката по секоја отсвирана композиција од проектот „Македонисимо“ на маестро Симон Трпчески и пријателите, на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип говорат како штипјани го доживеаја овој голем концерт.

Познатиот македонски пијанист Трпчески на публиката им ја раскажа приказната за „Македонисимо“, која има цел да им ја претстави на публиката низ светот македонската култура, уметност, посебноста на еден народ.

Штипјани „Македонисимо“ го доживеаја со многу емоции, а на сцената настапи и штипјанецот Хидан Мамудов.

„Македонисимо“ е проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов. „Македонисимо“ ја спојува македонската народна музика со влијанијата на џезот и класичната музика. На концертот се изведуваат 23 нумери, главно ора и по некоја песна.

„Македонисимо“ вечерва продолжува во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Симон Трпчески и пријателите со историска изведба во струшкото село Збажди: Македонисимо си дојде дома, по пет години промоција низ светот

Трпчески за еМагазин: Македонија ја славиме како што треба да биде свесна дека заслужува, си ги знаеме корените и само треба да ги почитуваме и промовираме

МИА/Фото и Видео: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почната е постапката за екстрадиција на хрватскиот државјанин Иванагиќ, осомничен во случајот против Зеќири

Редакција

Адвокатот Миланов побара ослободителна пресуда за обвинетиот Андреј Костовски за случајот со убиството на ракометарот Тот

Редакција

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко, доби близнаци

Редакција