еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија

На церемонија во Стејт департментот, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија, објави на Фејсбук Американската амбасада во Скопје.

– Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка.

Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, се наведува во објавата на Американската амбасада.

Во нејзината биографија исто така е запишано дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик.

Ангела Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.

Фото: Амбасада на САД во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Пред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на починати и заболени да расте

Редакција

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за 3 март

Редакција

(Графикон) Просечната возраст на заболените со коронавирусот во Македонија е 43,8 години

Редакција