еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ламбе Алабаковски доби условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола на 4 јуни годинава. Пресудата е изречена минатата недела, а од денеска стана правосилна.

Адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски за Радио Слободна Европа потврди дека казната нема да се реализира доколку во следните две години, неговиот клиент не стори ново кривично дело.

На Алабаковски, кој призна вина за делото, му се вратени две патни исправи и му се укинати мерките за обезбедување. По инцидентот на Алабаковски му беше изречена мерка притвор од осум дена, потоа беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.

Фото: Фејсбук/Алабаковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

„Ел Чека“ не мирува, објави нови „бомби“ и повторно му се заканува на Заев

Редакција

Брнабиќ: Условување на евроинтеграциите со билатерални прашања ќе го отежне патот на сите нас од Западен Балкан кон ЕУ

Редакција