Уметничкиот триумф на Танец и Влатко Стефановски пред загребската публика во реномираната сала „Ватрослав Лисински“ ќе се памети уште долго, зашто стоечките овации, долгите аплаузи и двата биса вечно ќе одекнуваат како прекрасно ехо после вонсериската енергија што оркестарот и хорот на Танец, заедно со гитарскиот маестро ја распослаа пред аудиториумот, информираат од Танец.
Се редеа мелодиите на безвременските народни ора и песни, во магичните аранжмани на Дамир Имери, а по нив, без исклучок и громогласните аплаузи и извици на одушевување од раскошот на македонскиот фолклор и виртуозитетот на маестралните изведувачи.
Не изостанаа ниту солзите како врв на целокупното доживување. Проектот Танец и Влатко е дефинитивно една убава и успешна музичка приказна од меѓународни размери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Видео: Танец