еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сковин ја намали загубата

Во првите шест месеци од годината, Сковин АД Скопје има оперативни приходи од 107.387 илјади денари и во однос на 2017 се со тренд на зголемување, што значи дека пораснале за 14 индексни поени, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Во првата половина на 2018 година приходите од продажба на домашен пазар се намалени  во однос на 2017 година за 51 индексен поен, но приходите од продажба на странски пазари се зголемени за 53 индексни поени.

Оперативните расходи во првата половина од 2018 година изнесуваат  56.531 илјада денари, во споредба со 2017 година кога изнесувале 67.171 илјади денари бележат намалување за 16 индексни поени. Во нив забележлив пад имаат трошоците за суровини и матерјали, кои изнесуваат 46 индексни поени во однос на минатата година, со тенденција на понатамошно намалување на расходите до оптимално ниво.

Оперативната загуба за период 01-06.2018 година изнесува 6,596 илјади денари, а истиот период во 2017 година изнесувала 21.258 илјади денари, што значи намалување на загубата од оперативно работење.

Нето  загубата во првата половина од 2018 година изнесува 9.824 илјади денари и во однос на минатата година кога изнесувала 27.205 илјади денари има тенденција на забележливо намалување“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Важноста на осигурувањето во земјоделството во случај на пожар, или други временски непогоди

Редакција

Починаа уште 24 лица од Ковид-19, меѓу нив двајца скопјани на 35 и 36 години

Редакција

Убава вест: Оздравени 200 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција