еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во новата ноќна порака изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди инвазијата врз Украина.

-Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани еден по еден, станувајќи жртвени јарци, бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија, рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.

Украинскиот претседател додаде дека наскоро армијата, која од вчера го контролира градот Лиман, во регионот Доњецк, што е под руска контрола, ќе поврати и други градови во регионот.

-Во текот на неделата над Донбас се вееја нови украински знамиња, а следната недела ќе ги има уште повеќе, додаде Зеленски.

МИА/Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Македонците во Бугарија во извештајот на Стејт департментот за човековите права

Редакција

Нови 120 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 64

Редакција

Од коронавирусот во светот заразени над 90.000 лица, досега починале 3.119

Редакција