еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најпродаваниот модел на „Грин Машинс“ на Брако продолжува да биде атрактивен за Саудиска Арабија

Најпродаваниот модел на брендот на Брако „Грин Машинс“, возилото GM636, се покажува како многу практично и ефикасно при работата и затоа го држи приматот на најпродавано возило во арапските земји, информираат од компанијата.

„Грин Машинс“, со најновата испорака во Саудиска Арабија токму на три вакви машини, дизајнирани со максимални перформанси и конструирани за работа во секакви временски услови, ја надмина бројката од над 30 испорачани возила во оваа земја, од кои 2/3 се токму од типот GM636, популарно наречени и „Ловци на нечистотии“.

Преку оваа порачка, се докажува дека овој тип на техничко средство е најпогодно за чистење на површините во урбаните средини на најголемата земја на Арапскиот полуостров, која е и 12 земја во светот и една од топ 20 земјите по бруто домашен производ, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На двојните избори на 8. мај, граѓаните само еднаш ќе може да одат на гласање

Редакција

Починаа уште 14 лица од Ковид 19, од нив тројца во вонболнички услови

Редакција

93,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија се лекувале дома

Редакција