еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб во Охрид е провокација и на штета на бугарската заедница во државав

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација, која оди на штета на бугарската заедница во државава.

-Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост.

Оттука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на интересите на бугарската заедница во државава и тоа во момент кога таа заедница добива можност повеќе да се здружува, да ја изразува својата посебност и преку Протоколот и обврските од Протоколот и дебатата за промена на Уставот.

Кој тоа им го руши имиџот и овде пред граѓаните и пред меѓународната заедница преку имиња кои што се широко прифатени како спротивни на вредностите кои ги споделуваме, не можам да кажам, рече денеска министерот Османи на новинарско прашање на редовниот брифинг со новинарите.

За изјавите на неговиот бугарски колега Митов во однос на отворањето на клубот во Охрид, Османи рече дека тоа е недозволиво мешање во внатрешните прашања на Македонија. Се надевал дека тоа ќе му го кажел во Прага каде се одржа првиот состанок на Европската политичка заеница, но поради сплет на околности не се виделе, а ставот, најави дека ќе му го пренесе на претстојната средба во Берлин на 21 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За бугарскиот министер Милков, Тито е поголем проблем од „Цар Борис III“

Шефот на дипломатијата во однос на превенирање на регистрирарањето вакви здруженија со имиња кои провоцираат, вели дека МНР нема никаква надлежност, туку дека тоа е во доменот на Министерството за правда кое веќе има формирано советодавно тело кое ќе ги разгледува имињата на клубови и здруженија кои ќе се регистрираат во земјава, а што е времено решение додека не се направат измени на Законот за здруженија.

Тој посочи дека ова е чувствително прашање и укажа на искуството со здружението „Ратко“ кое пред повеќе години беше забрането, а судот во Стразбур ја поништи одлуката на нашиот Суд дека без основа било забрането тоа име на организацијата.

-Затоа мора да бидеме внимателни тука и во рамки на нашите закони, и во меѓународните правила, но во Владата се отвора дебата во однос на ова прашање. Јас мислам дека навистина треба да се разговара и со граѓаните со бугарско етничко потекло во РС Македонија што е целта на изборот на таквите имиња, бидејќи ќе повторам, тоа е, пред се, на штета на бугарката заедница, подвлече Османи.

Тој изјави дека од бугарското МНР досега нема никакви реакции за случувањата во Охрид. МНР, рече, не добило покана за присутво на отворањето на клубот во Охрид, а и да добило немало да присуствуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид веднаш до куќата каде Колишевски е осуден на смрт

(Видео) И во кафана се славеше отварањето на бугарскиот клуб во Охрид

(Видео) Јајца и камења за новиот бугарски клуб во Охрид, спречен инцидент

МИА/фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд, местото ќе и припадне на Алтернатива

Редакција

Лажни се денешните дојави за бомби во 30 училишта во Скопје

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Бауер БГ вреден 1,7 милион евра

Редакција