еМагазин
Image default
Локално

Четиригодишно девојче тешко повредено по удар од „Голф“

На 20.08.2018 година околу 22.15 часот на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје, соопшти МВР.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го натепале зад кафана и го застрелале со воздушна пушка

Редакција

Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, седуммина приведени

Редакција

МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП

Редакција