еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груби сменет од партиска функција, на негово место доаѓа Блерим Беџети: ДУИ со ново претседателство

Заврши состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ), кој денеска се одржа во Тетово, а на кој присуствуваа и претставници на таканаречената „Огнена група“.

Состанокот го водеше претседателот на партијата, Али Ахмети.

За потпретседатели на партијата избрани се Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли.

Блерим Беџети е избран за организациски секретар, а Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери, секретар за еднакви можности.

Во Централниот совет ќе бидат Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.

Претседателот Ахмети за членови на Надзорниот совет ги предложи Муса Џафери, Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи.

На средбата, Талат Џафери побара да се додадат уште 11 членови, но на овој предлог веднаш му се спротивстави Муса Џафери. Предлогот на Талат Џафери не беше прифатен, бидејќи мнозинството не гласаше за неговиот предлог, по што го напушти состанокот.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иван Туџаров не е повеќе управител на Реплек Фарм

Редакција

Заев: Не поседувам ниту сум видел докази за инволвираност на Вељаноски во „Монструм“

Редакција

Влада: Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, македонскиот идентитет и јазик не се предмет на преговори, ќе продолжиме да бараме решение

Редакција