еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Османи, Артан Груби е унапреден

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вели дека односите во партијата се добри и оти по вчерашното потпретседателство ќе биде видлива нова енергија.

-Односите се добри, политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати и не секогаш интересите на различните електорати, на мојата населба, не се исти со интересите на некој друг град како Струга, Тетово и Гостивар.

Но, успешноста на организацијата се цени по тоа дали различните погледи може да ги стави во фукнција на една моќна организација која им служи на луѓето, реализира, испорачува и победува. А ДУИ тоа го прави, изјави Османи во одговор на новинарско прашање.

Проблемите, вели, се слични во сите партии и организации. Проценките, како што нагласи, се прават во однос на тоа дали имате таков капацитет за да ги надминете и од секоја потешкотија да создадете можност.

-ДУИ се покажа во овие дваесет години како лидер и нов модел на одржување на динамизирање, обновување на една организација која еве 20 години нема изгубено ниту едни избори и на секои станува се послна и посилна.

И ќе видите, како што реков и вчера, една нова еанергија во ДУИ и после ова централно претседателство, рече Османи, кој денеска како министер за надворешни работи заедно со косовскиот амбасадор Флоријан Ќехаја засадија дрвја во паркот во Чаир во знак добрососедство и соработка.

Османи нагласи дека вчера по партискиот состанок имало многу информации кои биле погрешни, а се однесувале на тоа дека некој бил сменет од функцијата.

-Тоа не е точно. Значи никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари.

Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството, рече портпаролот на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби сменет од партиска функција, на негово место доаѓа Блерим Беџети: ДУИ со ново претседателство

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инцидент на „Гумење“: Се степале крушевчанец и коњаници од Лисиче, полицаец испукал предупредувачки куршум

Редакција

Министерството за одбрана вработува 125 професионални војници, плата до 24.000 денари

Редакција

Не очекува нов бран на зараза со корона вирусот на есен

Редакција