еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Научници во САД развија нов сој на коронавирус, петпати позаразен од омикрон

Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на коронавирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии.

Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“.

Евидентирано е дека глувците реагирале на хибридниот сој и утврдено е оти петпати е позаразен од исклучително заразниот омикрон.

Се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првобитниот сој, а 80 проценти кај хибридната варијанта. Кога тие биле изложени само на омикрон, имале благи симптоми.

Како што појаснија научниците, истражувањето е одобрено од Агенцијата за биолошка безбедност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје. Според нив, истражувањето ќе биде корисно за борбите против нови пандемии.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истекува рокот за пријавување: Кои канцеларии на УЈП ќе работат и денес?

Редакција

Полициската бруталност во пораст, ендемска корупција на персоналот: Остри критики од КПТ за затворските услови во Македонија

Редакција

Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање

Редакција