Лидерот на бугарската партија “Преродба“, Костадин Костадинов, за време на денешната прва седница на новиот бугарски Парламент, рече дека Македонија е втората бугарска држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Должни сме да го заштитиме бугарскиот национален интерес во втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија“, рече Костадинов.
На темата Македонија зборуваше и лидерката на БСП, Корнелија Нинова, која побара враќање на ветото за земјава.
„Ние од БСП не го поддржавме решението на Парламентот за давање зелено светло за членство на РСМ во ЕУ. Имавме свои аргументи. Гледате ли што се случува последните денови, недели, месеци?
Во името за заштита на бугарскиот народ предлагаме декларација, која Парламентот ќе треба да ја одобри, со која ќе го осудиме јазикот на омразата, агресијата, понижувањето на бугарското знаме и симболи, химната и бугарскиот народ“, рече Нинова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Костадинов